ИЛОН МАСК И ЏЕФ БЕЗОС ЌЕ ГИ НАПРАВАТ ВОЗИЛАТА ЗА ПРВАТА МИСИЈА НА МЕСЕЧИНАТА ОД 1972

Вашингтон, (Би-Би-Си)

„Блу ориџин“ на Џеф Безос и „Спејс-Екс“ на Илон Маск, заедно со компанијата од Алабама „Дајнетикс“, ќе ги изработат вселенските возила што НАСА ќе ги користи на својата планирана мисија на Месечината во 2024 година. Оваа мисија ќе овозможи луѓето да одат по Месечината за првпат од 1972 година.

Договорите со трите компании се вредни 967 милиони долари и тие во рок од 10 месеци треба да дизајнираат и развијат свои системи за човечко слетување на Месечината.

„Спејс-Екс“ е една од трите компании избрани од НАСА

„Со овие доделени договори, Америка се движи кон последниот чекор потребен за испраќање на астронаути на Месечината до 2024 година. Ова го вклучува и неверојатниот момент кога за првпат ќе видиме жена како оди по Месечината“, изјави администраторот на НАСА, Џим Брајденстин.

Целата програма, што допрва треба да биде одобрена од американскиот Конгрес, треба да чини 35 милијарди долари.

Во 1960-ите и 1970-ите НАСА лансираше седум мисии за слетување на Месечината во рамките на програмата „Аполо“. Последната мисија со човечка посада беше „Аполо 12“, во декември 1972 година.