„КУЌА НА ЈАЈЦЕТО“ – МЕСТО ЗА БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА И ЗА САМОСЛИК

Шангај, (АФП)

„Куќа на јајцето“ во Шангај е на некој начин „Алиса во Земјата на чудата“ за оние кои многу сакаат да јадат јајца и каде самосликот владее.

Одговорните на „Куќа на јајцето“, која се отвори деновиве, велат дека тоа е „место каде може да се сподели универзалната љубов кон јајцата, но и место за бегство од секојдневието во градот со 24 милиони жители“.

„Куќата“ се наоѓа на третиот кат на трговски центар во Шангај и е дело на кинескиот дизајнер Ксу Бибиу. Првата ваква инсталација беше поставена во Њујорк, а треатата е планирана во Лос Анџелес во ноември.

Влезот чини 198 јуани (29 долари), за двајца возрасни.