Компанијата „Лего“ објави дека креирала модел на стадионот на Манчестер јунајтед. „Олд Трафорд“ од 3.898 коцки ќе излезе во чест на одбележувањето на неговата 110-годишнина.
Фановите на славниот англиски клуб ќе можат да направат сопствена верзија на стадионот, додавајќи детали како тунелот од каде излегуваат играчите.
Комплетот од 250 фунти ќе се продава онлајн од 1 февруари, а јубилејот на „Олд Трафорд“ е на 19 февруари. Стадионот ќе биде 18,5 сантиметри висок, 47 сантиметри долг и 39 сантиметри широк.
„Да се креира ‘Олд Трафорд’ со лего коцки беше неверојатен дизајнерски предизивик за нашиот тим и не можеме да бидеме посреќни со резултатот“, рече Мајкл Псијаки од данската компанија.