„ДУЛИТЛ“ И „ЛОШИ МОМЦИ 3“ ОД ДЕНЕСКА ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Авантуристичката комедија „Дулитл“ и акционата комедија „Лоши момци засекогаш“ од денеска играат во киното Синеплекс.

Роберт Дауни Џуниор ја има насловната улога во последната филмска адаптација на популарниот литературен лик, кој првпат се појави пред 100 години. Авторот Хју Лофтинг напиша 15 книги за Џон Дулитл, доктор кој повеќе ги сака животните од луѓето и зборува со нив на нивни јазик, а првиот филм е снимен во 1967 година. Меѓу актерите кои го глумеа Дулитл е и Еди Марфи.

Покрај Дауни, во „Дулитл“ играат и Том Холанд, Селена Гомез, Рами Малек, Ема Томпсон, Реиф Фајнс, Марион Котијар, Антонио Бандерас и Октавија Спенсер.

Вил Смит и Мартин Лоренс се ѕвездите и на третиот дел на „Лоши момци“. Првиот филм од 1995 заработи над 141 милион долари низ светот, а продолжението од 2003 година, и покрај генерално лошите критики, донесе приход од повеќе од 273 милиони.