Во Единбург овие денови може да се чита поезија од некои од најпрепознатливите градби во градот.

Стиховите се дел од инсталацијата „Љубовни писма до Европа“, што е поставена во рамките на традиционалниот новогодишен фестивал „Хогманеј“.

Поезијата ќе може да се чита во вечерните часови до 25 јануари, а со свои стихови и пораки придонесоа шест писатели: Били Летфорд, Читра Рамасвами, Капка Касабова, Луиз Велш, Стеф Смит и Вилијам Далримпл.