Ѕидовите обично ги разделуваат луѓето, но оваа инсталација успеа да ги спои луѓето од двете страни на американско-мексиканската граница. „Teeter Totter Wall“ сега е прогласен за дизајн на годината, добивајќи ја наградата „Бизли“ од Лондонскиот музеј за дизајн.

Лулашките беа тргнати по само 20 минути (Фото: АФП)

Лулашките беа поставени низ ѕидот, овозможувајќи им на луѓето од двете држави заедно да се играат. Тие беа поставени од Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело во зоната Анапра во Сиудад Хуарес во Мексико и иако беа тргнати по само 20 минути, снимките од луѓето кои се играат на нив го обиколија светот во јули 2019.

Креаторите велат дека пред десет години ја добиле идејата за ваков проект.

„Сакавме да зборуваме за граничниот проблем на искрен начин, но со доза на хумор. Последните големи настани јасно ни кажаа дека не треба да градиме ѕидови, туку мостови. Мора да размислуваме за тоа како да бидеме поврзани и да бидеме заедно без да се повредуваме“, велат тие.