„МОДЕЛ 3“ НА „ТЕСЛА“ ПО ТРИ ГОДИНИ КОНЕЧНО ДОАЃА ВО ЕВРОПА

Њујорк, (Блумберг)

„Тесла“ објави дека конечно добил дозвола за почеток на продажбата на својот „модел 3“ во Европа, три години откако беа направени првите резервации од заинтересираните купувачи.

Првите испораки можат да се очекуваат наредниот месец, и тоа на истата верзија на седанот со средна големина што прво почна да се продава во САД.

Европското деби на „модел 3“ се смета за клучно за компанијата на Илон Маск, која најави отпуштања за да може да го продава автомобилот по пониска цена, која во САД се движи од 35.000 до 49.000 долари. Најскапиот модел „лонг рејнџ батери“ може да помине 500 километри со едно полнење, дури 150 повеќе од стандардната верзија.

„Модел 3“ е првиот модел на „Тесла“ наменет за глобалниот пазар и со него, компанијата сака да го нападне теренот на кој доминираат „БМВ“, „Мерцедес-Бенц“ и „Ауди“. Тој беше најпродаван луксузен автомобил во САД минатата година.