НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НОЕМВРИ СО ИЗЛОЖБИ И РАБОТИЛНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Недела на дизајн во Скопје, фестивалот за индустриски дизајн и дизајн на производи, ќе се одржи од 6 до 10 ноември во „Јавна соба“, Мала станица и во „Литература“ во „Дајмонд мол“. Темата на настанот е чиста мобилност. Ќе има изложбен дел за компании, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца и музичка програма.

„Целта на фестивалот е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, овојпат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и маркет, ќе има и трет повик целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје“, велат организаторите.

Оваа година, настанот е дел од европската мрежа на манифестации „Некст џен дизајн“.