НОВОТО ДЕЛО НА БАНКСИ ГО НАГЛАСУВА БЕЗДОМНИШТВОТО

Бирмингем, (Би-Би-Си)

Мистериозниот уличен уметник Банкси го откри своето ново, празнично дело во Бирмингем, со кое го потенцира проблемот на бездомништвото.

Тој објави краток филм на Инстаграм, во кој е прикажан бездомникот Рајан, кого, додека лежи на клупа, го влечат два елена нацртани на ѕид од тули. Просторот веднаш беше ограден за да се заштити делото, но само неколку часови подоцна, тоа беше оштетено со црвена боја.

Откривајќи го делото, Банкси ја пофали дарежливоста на граѓаните на Бирмингем.

„Благодарам, Бирмингем! За тие 20 минути додека го снимавме Рајан, случајни минувачи му оставија топол пијалак, две чоколада и запалка, без тој да им побара нешто“, напиша Банкси на Инстаграм.