Огромна скулптура на женска глава со показалецот на усните сега гледа кон Менхетн, повикувајќи го хаотичниот Њујорк да застане и послуша.
„Водата кога се движи произведува посебен звук, многу посебен“, вели 66-годишниот автор на скулптурата Хауме Пленса.
Со височината од 24 метри, „Душата на водата“ несомнено ќе стане ново обележје на њујоршкото пристаниште откако утре и официјално ќе биде отворена. Снежно-белата скулптура пред две години ја нарачаа две компании кои инвестираа во областа и беше изработена од полиестерска смола, фиберглас и мермерна прашина во студиото на Пленса во Барселона.
Таа беше донесена во делови во 23 контејнери и се составуваше од август, по што и самиот Пленса првпат ја видел како целина.
„Скулптурата не испраќа порака до Менхетн и никого не замолчува, туку тивко повикува на тишина“, вели Пленса, кој ги изложува своите дела низ светот повеќе од 40 години.