ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПЕКИНГ СЕ ОДРЖУВА И ВО УРБАН, ИНДУСТРИСКИ АМБИЕНТ

Пекинг, (Си-Ен-Ен)

Учесниците на зимските олимпијади се навикнати да настапуваат окружени со снежни планини, но во Пекинг, дел од натпреварувањата се одржуваат во урбани, постиндустриски услови.

Шеесет метри високата рампа за дисциплината биг ер во слободно скијање и сноубординг е изградена на местото на некогашна челичарница, па олимпијците имаат поглед на печки, оџаци и кули за ладење.

(Фото: Гети)

Отворена во 1919, челичарницата престана да работи пред 15 години, како дел од напорите да се намали аерозагадувањето во Пекинг пред ЛОИ 2008. Сепак, никогаш не била урната и сега дури е вклопена во дизајнот на борилиштето, па на една од кулите е ставено логото на ЗОИ.

(Фото: Гети)

„Шуганг биг ер“ е првиот постојан објект за оваа спортска дисциплина на светот и се наоѓа на брегот на езерото Кунминг.

(Фото: Гети)