Оригинален компјутер на „Епл“, направен од коосновачите на фирмата Стив Вознијак и Стив Џобс во 1976 година, се продаде на аукција во САД за 400.000 долари. Направен од ретка хавајска акација, „епл 1“ е произведен во само 200 примероци.
Сè уште функционалниот компјутер досега имал само двајца сопственици: професор на колеџ и негов студент, на кого му го продал за 650 долари.
„Ова е еден вид свети грал за класичната електроника и за колекционерите на компјутерска технологија“, изјави експертот Кори Коен во пресрет на аукцијата.
Џобс, Вознијак и Роналд Вејн ја основаа „Епл“ на 1 април 1976 во гаража во Калифорнија. За да го финансираат производството на „епл 1“, Џобс го продал своето комбе „фолксваген“, а Вознијак својот дигитрон „ХП-65“ за 500 долари. Во 1976, компјутерот се продавал за 666,66 долари зашто Вознијак сакал бројки што се повторуваат. Се верува дека 20-ина вакви компјутери и натаму се во функција низ светот.