Париското моторшоу, најголемата изложба на автомобилски новитети во Европа, која се одржува на секои две години, утре се отвора за посетители и ќе трае до 14 април, но значителен број големи играчи решија да не се појават.
Два од трите најголеми светски бренда, „Џенерал моторс“ и „Фолксваген“, ќе го прескокнат Париз, а од големата јапонска тројка присутна ќе биде само „Тојота“.
На тој начин, овојпат ќе ги нема „Фиат“, „Форд“, „Опел“, „Нисан“, „Субару“, „Мазда“, „Мицубиши“, „Алфа ромео“, „Волво“ и „Масерати“, а друг интересен податок е што некои брендови ги претставија своите важни модели порано. Во некое друго време, „ауди е-торн“ и „мерцедес-бенц И-Кју“ би биле главни ѕвезди, но овие електрични теренци првпат беа промовирани порано, во Стокхолм, односно Сан Франциско.
Сепак, во Париз секако ќе има што да се види.