„Луј Витон“ претстави нова колекција соодветна за патување во вселената, на крајот на Париската модна недела, во која се истакнаа футуристичи модели, ракави со волумен и мрежести фустани.

Под белите неонски цевки, моделите се движеа по специјално дизајнирана писта, поставена во дворот на музејот Лувр, додека во првиот ред седеа актерски ѕвезди, како Кејт Бланшет, Алисија Викандер и Пол Бетани.