Од Куршумли ан, преку Старата чаршија, Националната опера и балет и кејот на Вардар, па сѐ до Градски парк, до сабота ќе можат да се погледнат инсталациите од второто издание на Фестивалот на светлината, Скопје лајт арт дистрикт.

Дваесет и шест светлосни уметници на 18 локации низ градот на посетителите им ги пренесуваат магијата и уникатноста на светлосната уметност, карактеристична за светските и европските метрополи.

Организатор на фестивалот е Универзална сала, а уметничка директорка е Александра Стратимировиќ, уметница од Шведска со потекло од Србија.

Фото: Ѓ. Личовски