„Топ гир“, популарното автомото ТВ-шоу на Би-Би-Си, ја состави листата на десетте најбрзи и најмоќни автомобили за 2018 година и на прво место постави хрватски производ.
Во годината во којашто, како што велат, се појави голем број безобразно брзи автомобили, екипата на Би-Би-Си за свој прв фаворит го избра новиот модел на компанијата „Римац“, „концепт 2“, чија основна карактеристика се четирите електрични мотори кои заедно развиваат 1.914 коњски сили и максимална брзина од 415 километри на час.
„Тој забрзува до 100 км/час за само 1,97 секунди, а ако возачот остане при свест, за 4,3 секунди ќе стигне од 0 до 160 км/час. Во ‘Римац‘ сметаат дека нивниот автомобил ќе може да развие 300 км/час за само 11,8 секунди. Ако успее да го докаже ова, тој ќе влезе во ексклузивен клуб на најбрзите автомобили на светот, со ‘бугати широн‘ и ‘кенигсег агера РС‘“, велат од „Топ гир“.
Следен на листата е „бугати диво“, проценет на пет милиони евра, двојно повеќе од „широн“. Со мотор од 1.499 коњски сили, тој максимално може да развие 379 км/час.
Листата ја дополнуваат:
- „зенво ТСР-С“ (1.193 коњски сили / 325 км/час)
- „мекларен спидтеил“ (1.050 / 402)
- „ферари монца“ (799 / 300)
- „ламборгини авентадор СВЈ“ (769 / 347)
- „шевролет корвет ЗР1“ (765 / 341)
- „астон мартин ДБС суперлегера“ (735 / 339)
- „нисан ГТ-Р 50“ (721 / 321)
- „порше 919 ево“ (729 / 342)