Кафуле во јужнокорејскиот град Тежон со помош на робот-бариста ја одржува физичката дистанца меѓу муштериите.
„Повелете, ова е вашето кафе, уживајте“, вели роботот додека љубезно го доставува напитокот на послужавник.
Јужна Кореја имаше 11.000 заболени од КОВИД-19, а починаа 267 луѓе и полека преминува од строгите правила за одржување дистанца кон она што владата го нарекува „дистанца во секојдневниот живот“.
„Роботите можат да помагаат во одржувањето физичка дистанца во јавноста“, вели Ли Донг-бае, директор на истражувањето во фабриката за смарт производи која го разви роботот-бариста.
Роботот може да направи 60 различни типови на кафе и да ги послужува муштериите на нивните маси. Има и вградена технологија за самовозење, што му овозможува без проблеми да се движи низ кафулето.