Руската автомобилска компанија „Камаз“ го претстави својот прв електричен автобус со автономен систем на возење.
Презентацијата се одржа во градот Казан, кадешто за оваа цел беше изградена и посебна улица долга 650 метри, наменета само за овој иновативен начин на превоз.
„Камаз-1221“ сѐ уште се води како прототип, има 12 седишта и на пробното возење развил брзина од десет километри на час. На овој автобус не му е потребен возач, бидејќи самостојно вози на однапред утврдените делници.
Футуристички дизајнираниот автобус е опремен со сите напредни технологии потребни за самовозечко возило.
Од компанијата најавуваат дека со редовното производство на овој автобус ќе се почне во 2021 година.