Денеска во 18 часот, на првото ниво на катната гаража „26 јули“ ќе се отвори галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст.

Внатрешните ѕидови на гаражата ги насликаа уметниците Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова-Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ и Тамара Забазноска.

Организатори на овој проект се Младински културен центар и Град Скопје и е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Првата галерија на графити беше отворена во Градски трговски центар.