ШВЕДСКА КОМПАНИЈА САКА ДА ГО СОЗДАДЕ ПРВИОТ КЛИМАТСКИ НЕУТРАЛЕН АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ

Стокхолм, (Дезин)

Компанијата „Полстар“ планира да ги елиминира сите штетни емисии од својот производствен процес и да го создаде првиот климатски неутрален автомобил на светот до 2030 година. Наречен „Полстар 0“, проектот има за цел да ги елиминира сите јаглеродни емисии од производството, место тие да се покријат со садење дрвја.

„Со цел да го создадеме првиот климатски неутрален автомобил на светот, ние ќе мора да одиме над она што е можно денес. Ќе мора да го преиспитаме целиот сегашен производствен процес, да воведеме иновации и да користиме најнапредни технологии за да ја постигнеме нулата“, вели извршниот директор на „Полстар“, Томас Ингенлат.

Шведската компанија за електрични возила е основана во 2017 година од „Волво“ и кинескиот автобренд „Џили“.