ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ВОЕНИ ВЕТЕРАНИ Е ПРВ ПРОЕКТ НА ХАРИ И МЕГАН СО „НЕТФЛИКС“

Лос Анџелес, (Гардијан)

Принцот Хари и Меган Маркл го најавија нивниот прв проект од мултимилионскиот договор со „Нетфлис“, документарец кој ќе ја покрие приказната за Игрите Инвиктус.

„Срцето на Инвиктус“ ќе ги следи искуствата на учесниците на ова спортско натпреварување за повредени поранешни припадници на воените сили, чиј покровител е Хари. Принцот ќе се појави во серијата и ќе биде нејзин извршен продуцент.

„Серијата од неколку епизоди ќе следи група исклучителни натпреварувачи од цел свет, сите воени ветерани, кои претрпеа тешка повреда или болест на патот кон Игрите во Хаг во 2020, кои сега се префрлени во 2022 година“, се вели во најавата.