„ТОЈОТА“ КОНЕЧНО ГО НАЈАВИ СВОЈОТ ПРВ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ, ЌЕ ИМА И СОЛАРЕН ПОКРИВ

Токио, (ДПА)

Иако важи за пионер на хибридната технологија, „Тојота“ релативно доцна го разви својот прв целосно електричен автомобил. Јапонската компанија објави дека нејзиниот прв автомобил со батериски погон „bZ4x“ ќе почне да се продава во Европа до средина на 2022 по цена од околу 40.000 евра.

Едно од иновативните решенија на возилото е соларниот покрив, кој овозможува да се зголеми дометот на возењето. Според производителот, батеријата има моќ од 71,4 киловат-часови, што е доволно да се поминат 450 километри со едно полнење. Батеријата може да се наполни до 80% за 30 минути.

Кросоверот со чудно име доаѓа со пет седишта, а максималната брзина му е 160 километри на час. Платформата е развиена во соработка со „Субару“ и врз неа треба да се базира цела серија на електрични возила на „Тојота“, при што до 2025 се планирани 70 модели.