„ТОЈОТА“ КОНЕЧНО ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАЗВИВА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ, НАЈАВИ 10 НОВИ МОДЕЛИ ДО 2026

Токио, (Ројтерс)

Тојота“ објави дека ќе претстави десет нови електрични автомобили до 2026 година, што е долгоочекуваниот напредок во областа во која што јапонската компанија многу бавно влегуваше. „Тојота“ ќе воспостави нов, специјализиран оддел за електрични автомобили, што се смета како одговор на грижите дека таа заостанува зад „Тесла“ и другите ривали.

Инвеститорите долго време тврдеа дека „Тојота“ не е доволно брза во развојот на линија возила на батерии и место тоа, фаворизира хибриди, како нејзиниот пионерски модел „приус“.

„‘Тојота‘ ќе го забрза развојот на целосно електрични автомобили, но хибридите ќе останат важен столб на нашиот бизнис“, изјави новиот извршен шеф на компанијата, Коџи Сато.

Од компанијата велат дека до 2026 планираат производство на милион и пол електрични возила годишно.

(Фото: Гети)