ДРЕС НА ЏОРДАН СЕ ПРОДАДЕ ЗА 10,1 МИЛИОН ДОЛАРИ И СТАНА НАЈСКАПИОТ СПОРТСКИ ПРЕДМЕТ ВО ИСТОРИЈАТА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Дресот што Мајкл Џордан го носеше на првиот меч од НБА финалето во 1998 година се продаде на аукција за 10,1 милион долари, со што стана најскапиот спортски предмет во историјата. Таа година, Џордан ја освои својата шеста и последна шампионска титула со Чикаго Булс.

Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека дресот на Џордан привлекол дури 20 понуди.

Денешниот рекорден резултат го зацврстува Џордан како најголемиот на сите времиња, докажувајќи дека неговите име и наследство денес се релевантни исто како пред 25 години“, кажаа од „Сотбис“.

Досегашниот рекорд го држеше дресот на Диего Армандо Марадона од Светското првенство 1986, за кој беше платено 9,28 милиони долари.

Чикаго изгуби од Јута на првиот меч од финалето, но ги доби следните три. На шестиот натпревар, Џордан го доведе Чикаго во водство од 87:86 на 5,2 секунди до крајот, со што беше обезбедена титулата.

(Фото: ДПА)