Светски познатиот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ го отвори своето прво претставништво во арапскиот свет, во Дубаи. Брендот веќе има свои поставки во Европа, САД и Азија.

Лондонскиот музеј има околу 250 восочни фигури и привлекува милиoни посетители на годишно ниво.

„Очекуваме многу локални и странски посетители. Има 60 фигури, а ги избравме талентите кои се значајни и популарни во овој регион“, вели генералниот директор Саназ Колсруд.

Меѓу славните личности кои добија своја восочна фигура во Дубаи се Елизабета Втора, Мухамед Али, Кристијано Роналдо, Лео Меси, Одри Хепберн и Ријана.