Фустанот што Ејми Вајнхаус го носеше на својот последен концерт во Белград во јуни 2011 се продаде на аукција за 243.000 долари, што е 16 пати повеќе од првичните проценки на организаторите.
Англиската пејачка почина на 27 години само еден месец по концертот во Белград, на кој дојде видно пијана и беше исвиркана од дел од публиката. Нејзината лоша физичка состојба дополнително беше нагласена од тесниот зелено-црн фустан со мотиви на цвеќиња и бамбус, дизајниран од стилистката Наоми Пери.
На аукцијата во САД беа понудени повеќе од 800 предмети поврзани со Вајнхаус, од чија продажба беа собрани повеќе од четири милиони долари.