ГОРАН ПАНДЕВ Е МАЖ НА ГОДИНАТА ЗА 2020

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев е избран за маж на годината за 2020. Во организација на „Џентлмен магазин“ и „Фрајдеј комуникации“, беа доделени награди за најуспешните мажи во земјата во 13 категории.

Пандев го освојува признанието повеќе од две недели откако ја предводеше Македонија до првиот пласман на европските првенства.

Наградата за менаџер на годината ја доби Петар Денковски, генерален директор на „Веро“, а за маж странец во Македонија е избран генералниот директор на „Халк банк“, Билал Суџибаши.

За маж со стил за 2020 година е избран архитектот Пако Радовановиќ, додека според социјалните мрежи, маж на годината е хуманитарецот Али Вевзи. Оваа година, стручното жири одлучи наградата за маж со најголем придонес во општеството да ја додели на целокупниот медицински тим, кој неуморно веќе девет месеци се бори со пандемијата на ковид-19.

Македонската фудбалска репрезентација е наградена за придонес во спортот, а Џијан Емин за придонес во културата. За маж со трајни вредности е избран Влатко Стефановски, кој долги години ја претставува Македонија низ светот.