Холандската фирма за дизајн на јахти „Синот“ на Саемот во Монако го претстави моделот на првата суперјахта која ќе работи на водород. Јахтата „Вода“ (Aqua) е долга 112 метри и ќе има погон на течен водород и технологија со ќелии на гориво, што значи дека водата ќе биде нејзиниот основен извор на енергија.

„За создавањето на ‘Вода’ се инспириравме од начинот на живот на еден непознат, напреден сопственик, од течната моќ на водата и технологијата за обновливи ресурси. Така ја создадовме оваа суперјахта од 112 метри со навистина иновативни карактеристики“, вели дизајнерот Сандер Синот.

Технолошкиот систем на јахтата ќе се потпира на две вакуумски изолирани цистерни од по 28 тони, кои ќе бидат сместени на температура од -253 Целзиусови степени. Течниот водород ќе се конвертира во електрична енергија со размена на протони преку мембраните на ќелиите на гориво.