ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА МОДЕН ВИКЕНД ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Друштвото на ликовни уметници вечерва (28 март) ќе одржи изложба со дела на неколкумина македонски уметници во трговскиот центар „Ист гејт“, која ќе биде дел од Скопскиот моден викенд. Таа се отвора во 19 часот.
Изложбата наречена ,,Лебдење” вклучува автори кои работат на текстил во ликовен контекст. На изложбата ќе учествуваат Јана Манева-Чупоска, која е и кураторка, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска-Узунчева, и Маја Кировска.