„Пирели“ го објави 46. издание на својот престижен календар, кој оваа година содржи дури 40 фотографии.

Темата на новиот календар е сонување, претставена преку четири измислени женски лика, кои се обидуваат да успеат во своите животи.

Летиција Каста и Сергеј Полунин

Четирите лика ги играат актерката Џулија Гарнер, моделите Џиџи Хадид и Летиција Каста и првата црномуреста американска примабалерина Мисти Коупленд. Во споредни (машки) улоги се балетаните Калвин Ројал Третиот и Сергеј Полунин и дизајнерот Александер Ванг.

Автор на фотографиите е 76-годишниот шкотскиот фотограф Алберт Вотсон, познат по легендарните портрети на Стив Џобс, Алфред Хичкок и Кејт Мос.

Џиџи Хадид

„Кога му пристапив на овој проект, сакав да го направам тоа на еден поинаков начин. Не сакав да сликам група супермодели како трчаат на плажа. Сакав да направам нешто што ќе биде повеќе од портрет, да изгледа како кадри од филм. Затоа направив четири кратки филма и од нив ги извлеков фотографиите“, изјави Вотсон.

Летиција Каста

Џулија Гарнер

Летиција Каста и Сергеј Полунин