КАМИЛА И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СТАНЕ КРАЛИЦА НА КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС ТРЕТИ НА 6 МАЈ

Лондон, (Би-Би-Си)

Сопругата на Чарлс Трети, Камила, е ословена како кралица на официјалните покани за церемонијата на неговото крунисување, што ќе се одржи на 6 мај. Тоа претставува транзиција од нејзината досегашна титула сопруга на кралот (Queen Consort).

На церемонијата во Вестминстерската катедрала се поканети околу 2.000 гости, но засега е нејасно дали меѓу нив ќе бидат и принцот Хари и неговата сопруга Меган.

Извор од кралското семејство кажа дека во досегашното владеење на Чарлс било логично Камила да ја носи титулата сопруга на кралот, со цел да се прави разлика во однос на покојната кралица Елизабета Втора.

„По крунисувањето ќе биде соодветно да се направи официјалната промена во кралица Камила“, велат од Бакингамската палата.

Тоа значи дека на претстојната церемонија и Камила ќе биде крунисана, 18 години откако се венчаше со Чарлс.

Елизабета даде јавно одобрение Камила да ја носи титулата сопруга на кралот, иако во тоа време имаше сугестии да продолжи да биде сопруга на принцот.