КРАЛИЦАТА ЛЕТИЦИЈА И БРИЖИТ МАКРОН НА ИЗЛОЖБА НА МИРО

Париз, (АФП)

Кралот Фелипе и кралицата Летиција заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ја разгледаа изложбата во Големата палата во Париз со голем број дела на шпанскиот сликар Хоан Миро.

Медиумите коментираат дека на оваа средба на две моќни европски двојки и Летиција и француската прва дама изгледале беспрекорно, секоја верна на својот префинет стил, но двете облечени во контрастни бои. Шпанската кралица носела морнарско сина креација, која одговара на палтото на кралот, додека Брижит била во фустан во крем боја, во стандардна должина над колениците.

На изложбата се поставени над 155 дела од Миро и ова е прва голема изложба на големиот мајстор во Париз после 44 години.