МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА СПОЕНИ ВО СЛИКИ – ЗАВРШИ 15. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Dancers from Hangzhou, China perform “Sequences!” during the last night of Skopje's Dance Fest in Skopje, Republic of North Macedonia on 23 April 2019.

Кинеските танчари од Танцовиот театар во Конзерваториумот за музика Жијан со претставата „Секвенци – Минато; Сегашност; Иднина“, во кореографија на Рисима Рисимкин, синоќа во полниот Македонски народен театар (МНТ) го затворија 15. издание на Танц фест Скопје. На музика на Тони Китановски, играа петнаесет млади танчaри, во костими на кинеската костимографка Бинг Ксиjанџи.

„Преку интерактивна соработка со танчарите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината. Телото како фокус на истражувањето низ времето. Интегриран колектив, како рефлексија на социјалните состојби, слики. Физички аспект на танцот низ различни временски рамки“, вели Рисимкин.

Фестивалот почна на 4 април со претставата „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар, кога кинеската кореографка и танчaрка Зао Шји ја прими наградата Менада за врвни остварувања во областа на танцот.

Фото: Ѓ. Личовски