Со ревијата „Подем на гревот“ на дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски, в недела, 22 октомври, во хотелот „Мериот“во Скопје по 16 пат ќе почне скопскиот Моден викенд.

На отворањето ќе бидат претставени и најновата колекција на „Сигма накит“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и „Арт деко“ на „Ателје Коцарева“.

На 23 октомври, се најавени студентите на дизајнерката Лидија Георгиева од Институтот за дизајн и инженеринг на текстил на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема МетаморфозаСо ревијата ќе биде заокружен целиот метаморфорзичен процес кој претрпел еволутивни промени низ три фази“, најавува организаторот.

По студентите, следни се ревиите на Сара Реџиќ и колекцијата „Бохемиан рапсоди“ , најновата колекција на „Марсин“ наречена „Инсајд аутна Марија Трајанова, за прв пат „Минна фешн“ и колекцијата „Лав д спарк“ , и за крај на вечерта „Драма Студио“ со колекцијата „Концепт 2020“.

Претпоследниот ден на есенскиот моден викенд ќе го отвори ревијата на ателјето „Алшар“ и колекцијата „Калеш Анѓа“.

Истата вечер се и ревиите на „Валоне фешн груп“ од Косово и за прв пат српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата „42“.

Вечерта ќе ја заокружи ревијата на„Шалева котур“ со колекцијата „Француска елеганција“.

Модниот викенд ќе се затвори во среда, 25 октомври во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од топси.мк.

Годинава Модниот викенд се вклучува во глобалната кампања #Stopthetraffik# и #ГлобалБланкет покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIC“, придружувана од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Б.НЕСТОРОСКА