„ЖЕНИТЕ НА НАСА“ Е НОВИОТ СЕТ НА ЛЕГО СО КОЈ СЕ ОДДАВА ПОЧИТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ АСТРОНАУТКИ И НАУЧНИЧКИ

Конектикат (АП)

Данската компанија за играчки „Лего“ го претстави сетот од фигури со кои се оддава почит на жените од НАСА.

Со сетот од 231 лего коцка се претставени Сали Рид, првата жена-астронаут од САД, и Мае Џејмисон, првата црна жена која патувала во вселената. Во сетот се вклучени и фигури од астрономот и наставничка Ненси Грејс Норман и од компјутерскиот научник Маргарет Хамилтон.

Лего верзија на вселенскиот шатл Челинџер и на вселенскиот телескоп Хабл може да се состават со овој сет на коцки. Минијатурна верзија на работниот простор на Хамилтон на Технолошкиот институт во Масачусетс, додека го програмирала софтверот за слетување на Месечината, исто така е вклучен во новиот сет на „Лего“.

Сетот е создаден според идејата на Маја Ваинсток, вработена во МИТ, која предложила колекција за жените од НАСА преку програмата за идеи на „Лего“.
Сетот ќе чини 24,99 долари во САД и ќе биде пуштен во продажба на први ноември.