„БАЛЕНСИЈАГА“ ПРОДАВА КЕСИ ЗА ЃУБРЕ ОД 1.790 ДОЛАРИ

Мадрид, (Блумберг)

Шпанскиот моден бренд „Баленсијага“ никогаш не се плашел да поместува граници, но сега отиде во нова крајност со кеса за ѓубре која чини 1.790 долари.

Таканаречената „торбичка за отпадоци“ е направена од телешка кожа и дојде во продавниците како дел од есенската колекција на „Баленсијага“, откако дебитираше на модните писти на Париската модна недела во март. Тие доаѓаат во типични бои за кесите за ѓубре: црна, бела, сина и жолта.

„Не сакав да ја пропуштам шансата да ја направам најскапата кеса за ѓубре на светот, зашто кој не сака моден скандал?“, вели креативниот директор на „Баленсијага“, Демна Гвасалија.