ДИЗАЈНЕРОТ ВЕС ГОРДОН ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА „КАРОЛИНА ХЕРЕРА“ НА ПИСТА СО 3.000 ЦВЕТОВИ ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (АП)

Дизајнерот Вес Гордон ја претстави својата најнова колекција за „Каролина Херера“ на Модната недела во Њујорк.

Манекенките шетаа по писта украсена со 3.000 цветови со боја на вино, додека во позадина одеше музика по избор на дизајнерот.

Гордон (38) ја презеде функцијата креативен директор на компанијата од самата Херера кога таа се пензионираше во 2018. За колекцијата есен 2025 Гордон прикажа ултраженствени минифустани, панталони и палта.

Фото: (АП)

По ревијата, Гордон ја објасни инспирацијата за колекцијата.

„Почетната точка беше мојата омилена книга на сите времиња, која е и мојот омилен филм, ‘Добре дојдовте, господине Ченс’. Филмот е од 1979, што е приближно исто време кога е основан брендот ‘Херера‘“, изјави тој.

Херера присуствуваше на ревијата со своето семејство и за колекцијата на Гордон рече дека е прекрасна.