Jубилејната 20. сезона на 10. Моден викенд Скопје почна синоќа во Музеј на Град Скопје со ревиите на Ирина Тошева и Кренаре Ругова од Косово.
Тошева ја претстави новата зимска колеција „РЕМ“ преку која ги истражува ликовното творештво и надреализмот како појдовна инспирација. Креациите се изработени од еколошки материјали како банана и пченка, кои се алтернатива на памукот. Во соработка со повеќе шминкери, нејзините модел(к)и наликуваа на дрег кралици и гејши. Ревијата доби поддршка од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2019.
Модната визија на Ругова за есен-зима 2019/2020 е нослива гардероба од природен текстил и со унифицирани геометриски форми, а по неа следеше ревијата на брендот за луксузен накит „Сигма“.
Вечерта заврши со перформансот „+7 hours“, во реализација на платформата за концептуален дизајн „Иван Асен 22“ од Софија, под водство на кураторот Нели Митева. Беа претставени екстравагантни креации, заеднички создадени од девет модни дизајнери од Бугарија и четири студенти по моден дизајн од Јапонија.
Мотото на 10. Моден викенд е „Десет години заедно – приказната продолжува“, а трае до утре.