„ГУЧИ“ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА КОЛЕКЦИЈА ПРЕКУ МИНИ-СЕРИЈА ВО РЕЖИЈА НА ГАС ВАН САНТ

Милано, (АП)

Директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле и американскиот режисер Гас ван Сант соработуваа на мини-серија од седум епизоди, во која ја открија најновата колекција на „Гучи“, насловена „Увертира“.

Видеата ќе бидат достапни од понеделник, во форма на виртуелен филмски фестивал.

Филмот и модата отсекогаш биле поврзани и „Гучи“ не е првата модна куќа која се спои со филмски уметник. За време на пандемијата, „Ферагамо“ претстави филм од Лука Гвадањино, авторот на „Викај ме по твоето име“, а Матео Гароне сними филм за дигиталното претставување на колекцијата на „Диор“ во Париз во јули.