КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЗА ПРВПАТ ДОЈДЕ НА ЛОНДОНСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Лондон, (Би-Би-Си)

Кралицата Елизабета Втора за првпат се појави во славниот прв ред на Лондонската модна недела, каде што друштво ѝ правеше главната уредничка на магазинот „Вог“, Ана Винтур.

Тие го следеа шоуто на дизајнерот Ричард Квин, кој стана првиот добитник на наградата за придонес на британската модна сцена, „Кралицата Елизабета Втора“.

Ричард Квин е првиот добитник на модната награда „Кралицата Елизабета Втора“ (Фото: Ројтерс)

Доделувајќи му ја наградата на Квин, кралицата кажа дека таа е нејзиното наследство за британската мода. Добитникот беше избран од страна на Британскиот моден совет.

„Ричард Квин ја добива наградата за неговите смели креации. Нашата модна индустрија со години е позната по неверојатното творештво и продолжува да произведува материјали од светска класа и најсовремени практични дизајни“, изјави Елизабета Втора.

Извршната директорка на Лондонската модна недела Керолајн Раш изјави дека е голема чест што кралицата присуствува на шоуто.

„Откако сте на тронот, вие ги следите модните трендови. Од изложбата на вашата гардероба во Бакингемската палата видовме дека моравте да се борите против некои норми и стилови на облекување кои биле наменети за мажи, со што придонесовте за некои промени во нашето општество“, кажа Раш.