Модната компанија „Лакост“ одлучи да го тргне крокодилот од своето легендарно лого и да го замени со десет загрозени видови животни, поддржувајќи ја кампањата на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН).

Тие ќе се најдат на ограничена верзија на поло маици, при што секој тип маица ќе биде произведен во онолкав број колку што од тоа животно има останато во природа.

Секој тип маица ќе биде произведен во онолкав број колку што од тоа животно има останато во природа

„Лакост“ потпиша тригодишно партнерство со ИУЦН и ќе бидат направени вкупно 1.775 маици од ограничената серија. Тие ќе се продаваат по цена од 183 долари, а парите ќе бидат донирани на организацијата.

Најмногу поло маици ќе бидат произведени со логото на анегада игуана – 450, па следуваат суматрански тигар (350), саола (250), калифорниски кондор (231), какапо папагал (157), источен црн гибон (150), јавански носорог (67), северен лемур (50) и мјанмарска желка (40), а во најмал број ќе бидат маиците со логото на вакита, што е вид калифорниска морска свиња (30).

Оваа колекција за првпат беше прикажана на Париската модна недела.