Модата на раскрсницата меѓу традицијата и иновациите беше синоќа (29 март) во фокус на претпоследниот ден на 28. Моден викенд Скопје.
„Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека – тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените“, велат организаторите.
Во текот на денот се одржаа работилници, а модните шоуа започнаа со „Калеидоскоп“- презентација од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет Скопје.
Модната креаторка Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ се претстави со колкецијата „Челични магнолии“, во соработка со скулпторот Александар Стојановски-Зорин, а ревија имаше и Ивана Давидовиќ со „Дисциплина“
Вечерва (30 март) на програмата е големото финале со Модна вечер на венчаници. Настаните се одржуваат на третиот кат во Ист гејт.
Фото: Ѓ. Личовски