Музичките награди Ем-Ти-Ви видео беа одложени за еден ден за да се избегне судир со ТВ-дебатата на Доналд Трамп и Камала Харис, па синоќа целото внимание беше насочено во њујоршката „УБС арена“.
Годишниот настан има репутација за чуден моден стил од 1984, кога Мадона во венчаница ја пееше „Како девица“ (Like a Virgin) на првото доделување на овие музички награди.
Ова беше доловено од пејачките Адисон Реј и Анита, кои се одлучија за невестинска облека, при што втората го комплетираше фустанот на „Долче и Габана“ со вел и штикли. Сабрина Карпентер пристигна во винтиџ фустан без прерамки на Боб Меки, што првично го носеше Мадона на Оскарите во 1991.
Црвениот тепих оваа година, всушност, беше црн и многу ѕвезди пристигнаа во соодветни темни нијанси.
Тејлор Свифт трета година по ред ја освои наградата за најдобар спот. Таа доби вкупно седум награди и сега ги има 30 во кариерата.