ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА НА МОДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Креациите на студентите на дизајнерката Лидија Георгиева од Институтот за дизајн и инженеринг на текстил на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје беа дел од последната вечер на 19. Моден викенд Скопје, кој се одржуваше изминативе три дена на Европскиот универзитет во Скопје.

Темата на ова издание на Модниот викенд беше „Обединета Европа“, а содржеше шоурум со ексклузивни парчиња од 28 претставници од 17 земји, изложба на наградувана платформа за концептуален дизајн, како и ревиски претставувања на колекциите на млади и етаблирани имиња од земјата и регионот.

На Модниот викенд се претставија студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, Јилка Брада од Косово, Маја Кикириткова, Евгенија Зафировска, Софија Урумовиќ, Марија Кулушиќ, Марко Фехер, Милан Зејак, Сара Реџиќ, како и брендот „Артхропода“.

Фото: К. ПОПОВ