Најпрестижниот моден настан, Модната недела во Париз, почна со кралската битка помеѓу „Диор“ и „Гучи“, едни од најлуксузните играчи во бизнисот.

Претставувањето на двете куќи во иста вечер беше изненадување за некои, додека други коментираат дека тоа не е ништо чудно, затоа што нивните директори се речиси брутални во напорите да станат поголеми и посилни од кого било, по која било цена.
Танцот и театралноста беа во срцето на претставувањето на пролетната колекција за 2019 година. „Диор“ се претстави со современ балет, во кој настапија холивудските актерки Блејк Лајвли и Шејлин Вудли.

„Гучи“ ја претстави пролетната колекција во „Палас“, француската верзија на култното „Студио 54“, а во перформансот беше вклучена актерката Салма Хајек.
Париската модна недела почна синоќа и ќе трае до 3 октомври.