Габриел Коко Шанел е една од најголемите модни икони на 20. век, па затоа е изненадување што деновиве во Париз за првпат се отвора изложба посветена на нејзиното творештво.

Изложбата „Коко Шанел: Моден манифест“ ќе се отвори утре во Модниот музеј во Париз. Голем број фустани што таа ги дизајнирала и носела пред еден век сѐ уште изгледаат толку модерно што можат и денес да се носат на модните писти.

Кураторите на изложбата велат дека таа била авангарда, пионерка во работата и дека „начинот на кој се облекуваме денес е резултат на нејзиното влијание“.