Модниот бренд „Ралф Лорен“ лансираше верзија на својата легендарна поло маица која целосно е направена од рециклирани пластични шишиња и бојосана низ процес во кој не се користи вода.

Дејвид Лорен, најмладиот син на основачот на компанијата, вели дека новата маица е дел од поширока стратегија за поеколошки методи на производствениот процес.

„Секој ден гледаме какви се ефектите на глобалното затоплување низ светот и нашите вработени и купувачи чувствуваат дека е време нешто да се преземе и да се направи разлика“, изјави Лорен, кој е шеф на иновацискиот оддел.

Најавувајќи ја колекцијата „Earth Polo“, „Ралф Лорен“ објави дека планира да отстрани 170 милиони пластични шишиња од плажите и океаните до 2025 година. Новите маици се произведуваат во Тајван, кадешто шишињата и се собираат. За да се направи една маица, потребни се околу 12 шишиња.