РИЈАНА ГО ОТВОРИ СВОЈОТ ЛУКСУЗЕН МОДЕН БРЕНД И НАЈАВИ ПОНИСКИ ЦЕНИ

Париз, (АП)

Поп ѕвездата Ријана го лансираше својот нов моден бренд во рамките на француската луксузна група ЛМВХ, за која ќе дизајнира облека, чевли и модни додатоци. „Фенти“, именуван според полното име на пејачката Робин Ријана Фенти, е првиот целосно нов бренд на „Моет Хенеси Луј Витон“ од 1987 година и прв на чие чело ќе биде црномуреста жена.

Ова е историски момент, ова е голема работа за мене и мојата генерација. Мојата мода ќе биде различна и нетрадиционална, затоа што јас не доаѓам од оваа индустрија. Се надевам дека ќе донесам нова визија на модата“, кажа 31-годишната Ријана на презентацијата во трендовската париска област Марез.

Спротивно на останатите брендови на ЛМВХ, производите на „Фенти“ ќе се продаваат по значително пониски цени и тие се движат од 600 до 800 евра за фустан, 500 евра за сандали и 300 евра за накит.

Со седиште во Париз, брендот во почеток ќе биде достапен во 14 земји во Европа и Северна Америка, а првите продавници во Азија ќе се отворат кон крајот на годината.