Ријана им забрани на гостите да користат телефони за време на нејзината ревија на долна облека на Модната недела во Њујорк, откако стриминг сервисот „Амазон прајм видео“ ги доби ексклузивните права за снимање. „Амазон“ ќе ја емитува ревијата на 20 септември.
„Немате поим колку лудо шоу ни доаѓа“, објави Ријана на Твитер.
Триесет и едногодишната пејачка и дизајнерка ги спои музиката, модата и културата со специјалните гостинки како Џиџи и Бела Хадид, Нормани и Кара Делавињ.
Медиумите коментираат дека Ријана со оваа ревија ја пренесе модата во новата дигитална ера.