Француската модна куќа „Диор“ на три дена ги отвори вратите од продавницата на 30. Авенија Монтањ во Париз за да им покаже на луѓето колку часови се потребни да се направи тоалета за црвен килим.
Потегот е дел од глобалната иницијатива на „Луј Витон Моет Хенеси“ да се отворат вратите на 56 луксузни брендови на 76 различни локации на четири континенти, што се одржува по четврти пат.
Љубопитните купувачи и обожаватели гледаа како занаетчиите ги подготвуваат фустаните од висока мода, скап накит, часовници, чевли, чанти и парфеми. Тие објаснуваа како парче по парче ги составуват деловите и во детали раскажуваа како се шијат платно, пердуви и додатни елементи.
Од „Луј Витон Моет Хенеси“ соопштија дека 180.000 луѓе низ светот се запознале со процесот на подготвување луксузни модели.